„Сиљановска одлучила да ја понижи државата и нејзините граѓаните за таму во моментот да не и биде непријатно. Фактот што нашата делегација според нејзините тврдења отишла целосно неподготвена, без никаква координација со протоколот на Радев и без знаење за тоа што е планирано од протоколарни активности, укажува на целосно отсуство на одговорност и професионализам во нејзиниот тим. Аматерски подготвена посета која однапред била осудена на фијаско.
Во услови кога Северна Македонија има исклучително важен период и одлуки кои треба да ги донесе, ваквиот аматеризам во дипломатијата е недозволив. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се директно одговорни за овој срам, заедно и на чело со Тимчо Муцунски кој исто како Сиљановска, вчера немаше ниту еден конкретен одговор на ниту едно прашање при неговото гостување. Комплетна неспособност и недостојност за големи меѓународни политики демонстрира тимот на Мицкоски“, соопшти СДСМ.