среда, 23 октомври 2024

СДСМ: Само за Мицкоски македонската и европската агенда се различни

Објавено на

часот

Сподели

„Мицкоски да каже кој е неговиот план, да го каже својот став и да ја каже алтернативата, бидејќи нема разлика помеѓу европската агенда и македонската агенда за евроатланска интеграција. За продолжување на европскиот пат на државата потребно е усвојување на уставните измени, кои се дел од преговарачка рамка, усогласена меѓу 27 земји членки на ЕУ и прифатена од македонското собрание од политичари од различни политички партии. Предложените уставни амандамни не задираат во ниту едно идентитетско прашање, се работи за техничка измена на Уставот со која покрај постојните делови од народи кои се вклучени во Преамбулата се додаваат и делови од други народи кои до сега не биле дел од Преамбулата, меѓутоа биле наведени под други. Со тоа практично се демантираат сите оние невистини, лаги, хистерија што ДПМНЕ ја креваше во текот на изминатата година во однос на тоа дека во Македонија ќе се случила бугаризација и асимилација“, велат од СДСМ.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ