недела, 24 ноември 2024

СДСМ: Пајазити е избран за судија во времето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Со денови ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја пренасочи одговорноста за избеганиот Рамадани кон судството, без ништо да каже за одговорноста на МВР и Тошковски кои беа задолжени да го обезбедат во куќен притвор, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до судијата Пајазити, за кој со денови ВМРО-ДПМНЕ бара смена, според официјалните информации тој е избран токму за време на владеењето на славната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според официјалните информации, Пајазити е избран за судија на 2 јануари 2013 година.
ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се обидува да се вади од одговорност во целиот случај, во најкус рок мора да го разреши Тошковски од функцијата министер за внатрешни работи затоа што одговорноста за бегството е негова. Во најкус рок бараме МВР да излезе со извештај за тоа кој дозволил Рамадани да избега за така краток рок без да биде соодветено обезбеден. Повеќе од јасно е дека МВР игра клучна улога во неговото ноншалантно бегство и тоа многу брзо ќе се дознае“, соопшти СДСМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ