вторник, 26 ноември 2024

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Блокада на нашата држава од една страна и внатрешни поделби од друга страна ќе предизвика огромна штета за иднината на државата. Тоа е клучната опасност од доаѓање на власт на ДПМНЕ и режимот во најава, велат од СДСМ во денешното партиско соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна закана, тврдат од СДСМ.

„Ако десничарската партија добие таква моќ, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива, крај на независните медиуми и крај на надежта за судство и правда додека во државата ќе растат тензии. Добро е познато како изгледа владеењето на режимот. Затоа е потребна мобилизација на сите демократски, прогресивни сили, масовна излезност на 8 мај. Глас за СДСМ и Коалицијата е глас за просперитетна иднина“, сметаат од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ