недела, 24 ноември 2024

СДСМ: Не поминуваат лагите, во ковид-кризата преземавме мерки, а ДПМНЕ опструираше

„Додека СДСМ ги поддржуваше граѓаните во време на ковид – кризата ДПМНЕ опструираше. Владата предводена од СДСМ не само што успешно менаџираше со здравствената криза предизвикана од ковид – 19 туку успешно се справи и со економските последици кои ги предизвика“, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која беше речено дека во тој период СДСМ постигнала сомнителни договори во приближна вредност на пари потребни за изгадба на нов клинички центар.

Објавено на

часот

Сподели

„СДСМ вистински ги поддржуваше граѓаните и компаниите. На почетокот на ковид –  кризата, веднаш одговоривме со директни мерки за поддршка на секое работно место и нарушен бизнис и спасивме над 120.000 работни места.

Со неколку пакети и директни мерки ефикасно и успешно реализиравме помош од над 550 милиони евра, директни трансфери кон граѓаните и корпоративниот сектор, а со дополнителните субвенции помошта за целата економија достигна 1,1 милијади евра или 10% од домашниот БДП.

Сите сегменти кои беа погодени од кризата беа опфатени. А што правеше ВМРО-ДПМНЕ за време на ковид – кризата?

Седеше на страна и опструираше, спроведуваше блокада на помошта за граѓаните и компаниите во македонското Собрание. Ништо друго.

Дури не се ни срамат денеска од тоа. Па шест години ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше изградба на Клинички центар, а претходно десет години ја лажеа јавноста дека ќе го изградат. Зад таа лага со години сведочеше оградената парцела со лимени тараби. Не поминуваат овие лаги на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ