Гаши ги потврди сите информации коишто ги објави СДСМ за пропустите и злоупотребите на граничниот премин Блаце и ја лоцираше одговорноста кај Тошковски. Потонати се сите обиди одговорноста да се префрли на некој раководител на смена.
Рибата смрди од главата, а глава на МВР е Панче Тошковски и тој мора да понесе одогорност. Ајде да видиме дали ќе охрабри сега Мицкоски да побара оставка од Тошковски? Ќе побара ли одговорност од Тошковски, ќе побара ли од било кого одоговрност за бројните скандали или ќе мјаука и понатаму во нивна заштита?“, се вели во реакцијата на СДСМ.