Како што пренесува Н1, Сараево според овие податоци е во првите десет најзагадени града во Европа. Најзагаден град во светот ова утро е Њу Делхи со индекс од 483.
По него следат Карачи, Колката, Ханој, Лахор со доста помал индекс на загаденост, додека Сараево на седмото место во светот има индекс од 156 и е означен како „Нездрав за чувствителните групи“.
„Заболените од болести на органите за дишење и срцето, потоа постарите, бремените жени и децата би требало да намалат продолжени или поголеми напрегања за време на престојот надвор. Сите останати треба да се ограничат на продолжени или поголеми напрегања при престојот надвор“, се наведува.