Притоа, санкционирани се 42 пешаци од кои, 37 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.
За време на контролата регистрирани се и 21 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.