недела, 21 јули 2024

Самсунг и Мајкрософт го претставуваат првото решение за автентикација на уред за деловни корисници

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата Самсунг (Samsung Electronics), во партнерство со компанијата Мајкрософт (Microsoft), го најави првиот чекор од планот за зголемување на безбедноста на мобилните уреди за деловните корисници. Оваа соработка доведе до првото решение за автениткација на уред поддржанa од мобилен хардвер што работи подеднакво добро на деловни и уреди во приватна сопственост.

Автениткацијата на уредот може да помогне во зачувувањето на идентитетот и здравјето на уредот со тоа што ќе потврди дека тој не е компримитиран. Автентикацијата на уредот поддржана од мобилен хардвер – достапно на уредите Samsung Galaxy и комбинирано со заштитата на Microsoft Intune – сега нуди зголемена безбедност и флексибилност. За компаниите, ова е дополнително ниво на заштита од компромитирани уреди кои лажно известуваат дека се познати и здрави и на тој начин добиваат пристап до чувствителни деловни податоци. Дополнително, организациите сега ќе можат да им овозможат на своите вработени да ги носат сопствените уреди на работа и да бидат сигурни дека се заштитени со исто ниво на безбедност како уредите во сопственост на компанијата. За вработените, ова значи дополнителна флексибилност со нивните лични Galaxy уреди кои можат безбедно да пристапат до работната средина.

ц

Во свет кој забрзано се развива поради промените во работните навики и посложените сајбер закани, Zero Trust претставува безбедносен модел заснован на три принципи: константна претпоставка за прекршок, експлицитна проверка и обезбедување на најмалку привилегии во пристапот. Имплементацијата на моделот Zero Trust стана задолжителна во регулираните сектори и корисниците на јавниот сектор, како што е американската влада. Ова бара нов пристап за спроведување на безбедноста од почеток до крај, од апликации до мрежата и самиот уред, без оглед на сопственоста и регистрацијата на уредот.

Заедно, Samsung и Microsoft се наоѓаат во единствена позиција да го овозможат ова. Безбедносната платформа Samsung Knox е стара 10 години. За тоа време Samsung Knox е активиран на преку милијарда Samsung Galaxy уреди. Тоа се преку 30.000 компании на 110 пазари кои се потпираат на Samsung Knox за заштита на своите уреди од потенцијален сајбер напад. Microsoft е лидер во индустријата по својот придонес на пазарот за софтвер за унифицирано управување со крајни точки и нуди сеопфатни безбедносни решенија за различни видови Cloud-сервери и платформи кои интегрираат разични категории на безбедност, усогласеност, идентитет, управување со уред и приватност на основа на преку 65 трилиони сигнали за закана дневно. Благодарејќи на ова партнерство, првата автентикација на уреди поддржана од мобилен софтвер ги поврзува корисникот и светот на работата и им овозможува на луѓето безбедно да ги донесат своите уреди на работа.

„Samsung е посветен на иновации кои се исто толку безбедни колку и разновидни и оптимизирани“, изјави Кејси Чои, извршен потпретседател и директор на глобалниот мобилен B2B тим во рамки на секторот за мобилни уреди во компанијата Samsung Electronics. „Со оглед на тоа дека работните навики се менуваат и луѓето работат буквално на било кое место и на кој било  уред, ние го отвораме патот кон иднината на безбедноста на службените уреди и на компаниите им нудиме средство за подобро да ги заштитат своите информации.“

н

Флексибилност за компаниите и крајните корисници

Автентикацијата на уредите со поддршка на мобилен софтвер и Intune им обезбедува силна заштита на IT менаџерите во компаниите за сите работни потреби без да влијае на корисничкото искуство. Со оваа интеграција, дури и организациите со строги регулативи можат да усвојат политики со кои ќе им дозволат на вработените да ги носат сопствените уреди на работа со ова дополнително ниво на заштита на Samsung уредите кои голем број на корисници и професионалци ги користат за работа.

Ова заедничко решение на компаниите Samsung и Microsoft функционира и на службените и на приватните уреди без оглед во чија сопственост се. Стандардната автентикација на уредите главно функционира на службените уреди бидејќи е базирано на сервер и бара мрежно поврзување, што значи дека целиот уред мора да биде регистриран во корпоративниот систем. Ова ја зголемува продуктивноста на работниците, обезбедува подобри искуства за корисниците и го поедноставува администрирањето.

Со автентикација на уредот поддржана од мобилен софтвер, компаниите можат да го потврдат интегритетот на уредот и да дозволат пристап до корпоративниот систем без разлика дали се работи за деловен или приватен уред. Корисничкото искуство е исто така поедноставно, така што вработените можат да ги донесат своите лични уреди на работа и да пристапат до корпоративните системи без дополнителни безбедносни чекори.

„Водечките хардверски и софтверски решенија на Samsung во индустријата, комбинирани со моќта на решенијата Microsoft Cloud и Intune, нè ставаат во единствена позиција да понудиме сеопфатни способности за спречување сложени сајбер напади и унапредување на безбедносното држење на моделот Zero Trust“, рече Мајкл Волент, корпоративен потпретседател за управување со безбедноста во Microsoft. „Преку ова партнерство, ние сме посветени на континуирани иновации кои ќе им овозможат на организациите кои најмногу се грижат за безбедноста да ја имаат најдобрата можна заштита на мобилните уреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ