сабота, 19 октомври 2024

Само четири часа грееше парното утрово, од ЕСМ велат дефект нема, сѐ зависи од температурата надвор

ЕСМ Снабдување со топлина информира дека почна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на Град Скопје со кој управува. Во соопштението наведува дека топланите во 6 часот почнале со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите, а производството запрело во 10 часот.

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ. По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, доколку надворешните дневни температури после 15 часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува“, соопшти ЕСМ.

Апелира до потрошувачите и управителите односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и тоа веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи.

„Да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија“, повикува ЕСМ Снабдување со топлина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ