четврток, 24 октомври 2024

Самит за Украина и средба на лидерите на Западен Балкан неделава во Тирана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе учествува неделава во Тирана на самитот Украина-југоисточна Европа на кој е најавено учество на 13 европски лидери, вклучувајќи ги тие на шесте земји од Западен Балкан, како и функционери на ЕУ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесуваат албанските медиуми, самитот за Украина ќе се одржи во среда 28 февруари во Палатата на конгресот во Тирана, а на учесниците преку видео линк ќе им се обрати претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Следниот ден, 29 февруари, Тирана ќе биде домаќин на самитот на лидерите на Западен Балкан кои ќе разговараат за евроинтеграциите на регионот и спроведувањето на планот за раст на Западен Балкан. Учество на состанокот најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Планот за раст на Западен Балкан предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра, од кои две милијарди се неповратни грантови, а четири милијарди поволни кредити кои ги дава ЕУ, а целта е да се поттикне економскиот раст на регионот и да се забрза социоекономското усогласување.

Планот се однесува на периодот од 2024 до 2027 година и предвидува секоја влада на западнобалканските земји да добие одредена сума пари на секои шест месеци, во зависност од реформите кои ги спровела во тој период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ