понеделник, 21 октомври 2024

Салман Ружди: Слободата на изразувањето на Западот никогаш не била волку загрозена

Објавено на

часот

Сподели

Бритиш бук авордс му ја додели вчера на Ружди наградата „Слобода на издавањето“. „Живееме во момент, мислам, во кој слободата на изразувањето, слободата на објавувањето, во мојот живот досега не била толку загрозена во западните земји“, порача Ружди во видео порака од Њујорк емитувана на церемонијата на доделување на наградата.

„Слободата на објавувањето е, нормално, слобода на читање и пишување, можност да пишувате што сакате… да можете да бирате што сакате да читате, а не тоа за вас да се одлучува однадвор“, додаде. Британскиот писател со потекло од Индија ослепе на едното око и оштетена му е функцијата на едната рака откако беше нападнат во Њујорк во август 2022, додека држеше предавање.

Ружди долго се соочуваше со закани со смрт поради својот четврти роман Сатански стихови. Тој роман е забранет во многу земји со мнозинско муслиманско население по објавувањето во 1988 година поради делови кои муслиманите ги сметаат за ерес.

Ружди, кој со години се криеше откако тогашниот ирански врховен лидер му изрече фатва со која ги повика муслиманите да го убијат, се осврна и на забраната на одредени книги во некои американски библиотеки и училници.

„Во западните земји до неодамна постоеше голема слобода во издаваштвото. Ова е напад на самата идеја на библиотеките. Тоа е прилично алармантно и мораме да бидеме многу свесни и да се бориме силно против тоа“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ