вторник, 16 јули 2024

Садикарио: Колку луѓе ќе умрат од суб-стручните кадри на пиратскиот факултет во Струга?

Самуел Колономос Садикарио, пензиониран професор на Медицинскиот факултет, ко-иницијатор на Холокауст центарот и на неколку институции во Македонија, реагира по информациите за промовирање, како што вели, на пиратски медицински факултет во Струга. Размислува ли некој колку луѓе можат да умрат поради суб-стручноста, прашува професорот.

Фото: Скриншут

Објавено на

часот

Сподели

 „Неодамнешното промовирање на пиратскиот медицински факултет во Струга го нарекувам ‘еутаназија проект на Македонија’ како проектот на Менгеле и неговите финансиери.

Замислете само колку луѓе ќе умрат поради суб-стручноста на институциите кои ќе произлезат од овој ‘факултет’. И самиот клинички центар во Скопје стана ‘судскомедицински’ производ или морга поради некритичниот и нечовечки профито-шовинистички терор врз народот. Школите дури и до најмлада возраст вријат од нарко-случаи.

А во медиумите се слуша само проблемот со Грција или Бугарија, додека цените на лебот, струјата, горивата, сметките – растат ли растат и уште ќе растат! 

Децата се селат, моите се појдени – а вашите – кога? Политичари – еееееееееј! Ќе се свестите ли или ќе одиме сите јабана!“, вели во својата реакција Самуел Колономос Садикарио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ