сабота, 19 октомври 2024

САД: Температурата во Феникс веќе еден месец е над 43 степени

Објавено на

часот

Сподели

Јули бил толку топол што научниците предвиделе дека ќе биде најтоплиот месец кога било. Светската метеоролошка организација и Службата за климатски промени на Европската Унија го прогласија јули за рекордно топол.

Историската жештина почнала во јуни на југозападот на Соединетите Американски Држави и се проширила преку Тексас, Њу Мексико и Аризона во пустината Мохаве во Калифорнија каде во моментов беснеат шумски пожари.

На југот на таа држава пожарникарите се борат со уште една стихија поради која населението е евакуирано.

Пожар избил и во оддалечено подрачје на кањонот Кератерс, а пламенот во некои делови достигнува висина и до шест метри.

Се проценува дека изгореле околу 284 квадратни километри на границата со Невада. Огнот во моментов не им се заканува на објекти, но и пожарникарите не успеваат да го стават под контрола.

Во округот Риверсајд населението е евакуирано поради пожар кој зафатил 8,8 квадратни километри територија.

А во местото Бурбенк во близина на Лос Анџелес, каде исто така има многу високи температури, била најдена мечка во базенот на една куќа.

Во топлотниот бран низ САД настрадале десетици луѓе, а најзагрозени се сиромашните кои немаат пристап до климатизирани простории.

„Едноставно кажано – жештината убива. Кога ќе почне топлиот бран, првите жртви се случуваат во рок од 24 часа“, кажа Кристи Еби од Универзитетот во Вашингтон.

Во Феникс се очекува невреме кое би можело малку да ја спушти температурата, но тоа ќе биде краткотрајно бидејќи прогнозата е дека веќе од среда температурата ќе се качи до 46 степени.

Во Феникс има рекордни температури и ноќе – веќе 16 ноќи по ред не се симнале под 32,2 степени.

Екстреми жештини се забележани и на истокот на САД, каде во некои места се исто така регистрирани рекордни температури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ