петок, 18 октомври 2024

САД се враќаат во Унеско

Објавено на

часот

Сподели

Враќањето во Унеско е една од целите на администрацијата на претседателот Џо Бајден, во обид да се спротивстави на она што го гледа како „растечко влијание на кинеската влада“, наведува порталот.

Откако Палестинската самоуправа стана полноправна членка на Унеско во 2011 година, администрацијата на Барак Обама престана да ја финансира организацијата бидејќи тоа е забрането со американски закон.

Во октомври 2017 година, администрацијата на Трамп го напушти Унеско поради, како што беше тогаш наведено, „антиизраелската атмосфера“.

Израел тогаш најави дека ќе ја напушти организацијата набрзо по САД и тоа се случи во 2018 година. Во февруари 2022 година израелската влада го извести Стејт департментот дека нема да се противи на американското враќање во Унеско.

Минатиот декември американскиот Конгрес одобри закон со кој ќе се издвојат над 500 милиони долари неопходни за САД да го платата долгот на Унеско и да се вратат во организацијата како полноправна членка.

Во законот е вклучена клаузула во која се наведува дека, ако Палестинците добијат статус на држава членка во таа агенција на Обединетите нации, САД повторно ќе го сопрат финансирањето, наведува Аксиос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ