петок, 25 октомври 2024

САД: Сè уште чекаме одговор од Хамас на предлогот за прекин на огнот

Одговорот на Хамас на израелскиот предлог за прекин на огнот, претставен од американскиот претседател Џо Бајден во петокот, сè уште се чека, изјави за новинарите советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Чекаме одговор од Хамас“ преку катарските посредници, рече Саливан, додавајќи дека директорот на ЦИА Бил Барнс ќе биде во Доха на консултации со катарските посредници за предлогот за прекин на огнот во Газа.

Катар, кој е посредник меѓу Израел и Хамас во прашањето за Газа, објави дека на Хамас му го пренел израелскиот предлог, кој го отсликува предлогот на претседателот Бајден во три фази и дека сега документот е многу поблиску до позициите на двете страни.

Портпаролот на Хамас, кој е на власт во Газа од 2007 година, повтори дека не може да се согласи на каков било договор доколку Израел јасно не се обврзе на траен прекин на огнот и целосно повлекување од Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така повтори дека нема да има траен мир доколку Хамас не биде искоренет, во време кога се соочува со длабоки политички поделби околу предлогот на САД.

Во израелските напади врз Газа загинаа повеќе од 36 илјади луѓе. Според локалното Министерство за здравство, владее глад, поголемиот дел од енклавата е срамнет со земја, а изнесени се и тврдења за геноцид, кои Израел ги отфрла.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ