сабота, 19 октомври 2024

САД: Русија ја напаѓа Украина со севернокорејски проектили

Русија неодамна употребила балистички проектили со краток дострел од Северна Кореја за изведување напади во Украина, тврди Белата куќа повикувајќи се на разузнавачки податоци.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот за национална безбедност Џон Кирби им кажа на новинарите дека Соединетите Американски Држави ќе го претстават развојот на ситуацијата пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Кирби наводниот севернокорејски трансфер на оружје на Русија го нарече „значителна и загрижувачка ескалација“ и кажа дека САД ќе воведат дополнителни санкции против оние кои ги овозможуваат зделките со оружје.

И Москва и Пјонгјанг негираа какво било тргување со оружје.

Користењето проектили предизвика осуди од Британија и Јужна Кореја, која во ноември извести дека Северна Кореја на Русија можеби и испратила проектили со краток дострел како дел од поголем пакет оружје кој вклучувал противтенковски и противвоздушни проектили, артилериски гранати и друго оружје.

„Нашите информации покажуваат дека Демократска Народна Република Кореја неодамна на Русија ѝ доставила лансери за балистички проектили и неколку балистички проектили“, кажа Кирби користејќи го официјалното име на Северна Кореја.

На 30 декември „руските сили лансирале најмалку една од овие севернокорејски балистички ракети во Украина. Потоа во вторникот Русија лансирала повеќе севернокорејски проектили како дел од поширок бран тешки воздушни напади“, кажа Кирби.

Вашингтон сè уште го проценува ефектот на тие проектили.

Иако Белата куќа не соопшти конкретно каков вид проектили Пјонгјанг наводно ѝ испратил на Русија, Кирби кажа дека имаат дострел од околу  километри и објави графика на која ги има ракетите КН-23 и КН-24.

Тоа се нови ракети на цврсто гориво кои Северна Кореја почна да ги тестира во 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ