вторник, 26 ноември 2024

САД потврдија дека испраќаат авиони Ф-16 во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„На овој начин, Украина може целосно да ги искористи своите нови можности“, објави американскиот Стејт департмент, пренесе британскиот јавен сервис.

Се наведува дека испраќањето на борбените авиони ќе се случи кога украинските пилоти ќе бидат обучени да управуваат со нив, и дека САД ѝм дале на Данска и на Холандија формални гаранции за испраќање на авионите Ф-16.

Би-би-си додава дека се верува дека Холандија има 24 оперативни Ф-16 кои треба да бидат деактивирани и заменети со понапредни авиони, додека Данска, исто така, планира да ја надгради својата флота од околу 30 ловци Ф-16 од американско производство, пренесува Радио Слободна Европа.

„Ја поздравуваме одлуката на Вашингтон да го отвори патот за испраќање авиони Ф-16 во Украина“, рече холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра на платформата Х, порано позната како Твитер.

Министерот за одбрана на Данска, Троелс Поулсен, во јули изјави дека се надева дека резултатите од обуката на украинските пилоти на Ф-16 ќе се видат на почетокот на 2024 година.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат изјави оваа недела дека Киев следната есен и зима нема да може да управува со авионите Ф-16.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ