петок, 18 октомври 2024

САД официјално се вратија во Унеско

Објавено на

часот

Сподели

Во седиштето на организацијата во Париз вчера беше одржана официјална церемонија на кревање на американското знаме, на која присуствуваа генералната директорка на Унеско Одри Азулеј, првата дама на САД Џил Бајден и првата дама на Франција Брижит Макрон.

Џил Бајден за време на говорот ја најави важната улога на САД во зачувувањето на културното наследство и промовирањето на развојот на образованието и науката во светот.

„Ми беше чест да ви се придружам денес додека го кревавме знамето на Соединеитте Држави, симболот на нашата посветеност на глобалната соработка и мирот“, кажа Џил Бајден. Таа истакна дека овој потег е пример за ветувањето на американскиот претседател Џо Бајден за „враќање на нашето лидерство на светската сцена“.

„Толку сме горди што повторно се придруживме на Унеско“, кажа таа. Азулеј официјално означи дека САД станале 194 членка.

„Во време на поделби, расколи и егзистенцијални закани, ние тука денес го потврдуваме заедништвото. Заедно ќе бидеме посилни“, кажа Одри Азулеј и оцени дека враќањето на САД има „значење кое е поголемо од Унеско“.

Одлуката на САД да се вратат во Унеско е заснована главно на загриженоста дека Кина ја пополнила дупката во лидерството откако Вашингтон се повлече за време на администрацијата на Доналд Трамп. САД се повлекоа од Унеско на 31 декември 2018 година под претседателот Трамп.

Вашингтон одлуката за повлекувањето ја објасни со потребата за целосно реструктуирање на Унеско, како и негативниот однос, според Трамп, кон политиката на Израел во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ