вторник, 22 октомври 2024

САД одобрија продажба на воени дронови на Индија во вредност од 4 милијарди долари

Соединетите Американски Држави одобрија продажба на дронови и воена опрема на Индија во вредност од четири милијарди долари, а опремата е наменета да се користи за подобрување на индиската поморска безбедност и надзор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

САД настојуваат да го придобијат Њу Делхи да ја зголеми својата соработка во американската индопацифичка стратегија, чија главна цел е да создаде противтежа на кинеското влијание во регионот.

Стејт департментот го известил Конгресот за продажбата вредна 3,99 милијарди долари која ќе вклучува 31 дрон „скај гардијан“, 170 ракети „хелфаер“, 310 бомби и соодветен помошен материјал.

„Оваа предложена продажба ќе ги поддржи целите на САД во надворешната политика и националната безбедност така што ќе придонесе на јакнењето на американско-индискиот стратегиски однос и ќе ја подобри безбедноста на водечкиот партнер во одбраната кој продолжува да биде важна сила за политичката стабилност, мирот, економскиот напредок во регионот на Индо-Пацификот и Јужна Азија“, се наведува во соопштението.

Со ова ќе се подобри индискиот капацитет да се соочи со актуелните и идни закани така што ќе овозможи надзор со беспилотни летала и извидувачки патроли на море, се наведува и се додава дека Индија покажала посветеност за модернизација на војската.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ