недела, 14 јули 2024

САД ќе ѝ обезбедат на Украина уште еден систем Патриот

Американскиот претседател Џо Бајден планира да ѝ обезбеди на Украина уште еден систем за противвоздушна одбрана Патриот, објави денеска Њујорк тајмс, повикувајќи се на неименувани извори во американската влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден ја донесе одлуката по серијата состаноци на високо ниво минатата недела, објави весникот. Шефот на службата за односи со јавноста на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, не го потврди ова.

Според Њујорк Тајмс, системот за кој станува збор се наоѓа во Полска и би можел да биде распореден на фронтот во Украина за неколку дена. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде вториот систем Патриот од американско производство што Вашингтон му го достави на Киев.

Бајден даде зелено светло за првиот систем пред 18 месеци, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во САД за прв пат по руската инвазија на Украина за да се обрати пред американскиот Конгрес.

САД исто така ја снабдуваат Украина со ракети Патриот.

Патриот се смета за еден од најнапредните ракетни системи за воздушна одбрана во модерното војување. Може да се користи за борба против непријателски авиони, балистички и крстаречки проектили. Одбранбените ракети можат да погодат цели на оддалеченост од околу 100 километри на височини до 30 километри.

Германија ѝ даде на Украина два такви системи и вети дека ќе испрати уште еден. Зеленски, кој во вторникот беше во Берлин на конференција за обнова на Украина, ги посети и украинските војници кои моментално се во Германија на обука за користење на Патриот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ