вторник, 22 октомври 2024

САД: Исламски отпор во Ирак е одговорен за смртта на тројцата американски војници во Јордан

Соединетите Американски Држави веруваат дека покровителската екстремистичката организација Исламски отпор во Ирак е одговорна за нападите со беспилотни летала во Јордан во кои беа убиени тројца американски војници, соопшти Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Веруваме дека нападот во Јордан беше планиран, финансиран и овозможен од покровителската организација Исламски отпор во Ирак, која обединува повеќе екстремистички групи, вклучително и Катаиб Хезболах“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, пренесе Си-ен-ен.

Иако одговорноста за овој напад повеќе не се припишува на групата Катаиб Хезболах, Кирби рече дека тоа не е единствената група одговорна за претходните напади врз американски бази.

„Овој напад секако ги има карактеристиките на Катаиб Хезболах, но според нашата разузнавачка заедница, нападот во Јордан го извршила покровителска организација која се вика Исламски отпор во Ирак“, рече Кирби.

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со семејствата на тројцата загинати војници во вторникот и ќе присуствува на приемот на нивните останки во воздухопловната база Довер во петок.

Тој рече дека одлучил како да одговори на нападите на вооружените групи, но остана нејасен за тоа каков точно ќе биде одговорот на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ