сабота, 19 октомври 2024

САД им продадоа 14.000 противтенковски гранати на Израелците и сериозно ги предупредија

Израел не е исклучок од американската политика според која секоја земја што добива американско оружје мора да ги почитува законите за војна, соопшти денеска Стејт департментот откако Вашингтон му продаде околу 14.000 противтенковски гранати на Израел без ревизија од Конгресот.

Објавено на

часот

Сподели

Администрацијата на Бајден во петокот употреби вонредни овластувања според Законот за контрола на извозот на оружје за да ја олесни продажбата на оружје во вредност од 106,5 милиони долари, објави во саботата Пентагон.

САД очекуваат сите земји што добиваат американска воена помош да ја користат „со целосно почитување на меѓународното хуманитарно право и законот за војна, а Израел не е исклучок“, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Милер беше прашан од новинарите дали Вашингтон утврдил дали Израел ја почитува американската политика за трансфер на конвенционално оружје од февруари оваа година. Политиката наложува Стејт департментот да утврди дека оружјето нема да се користи за геноцид, злосторства против човештвото, кршење на Женевските конвенции и тешки прекршувања на меѓународното право.

Милер рече дека Стејт департментот не ја донел таа определба и ја повтори американската позиција дека Израел може да стори повеќе во конфликтот во Газа за да ги намали цивилните жртви. На прашањето дали САД собираат информации за тоа дали се извршени воени злосторства во тој конфликт, Милер рече: „Ние следиме сѐ што се случува во тој конфликт. Разговараме со израелската влада“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ