вторник, 22 октомври 2024

САД го поддржаа израелското одбивање примирје

САД ги отфрлија меѓународните повици за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, во договор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Објавено на

часот

Сподели

Советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, рече дека прекинот на огнот не е „вистинскиот одговор во моментов“ и повика на „паузи“ во борбите за да може да се достави помош до Газа.

Соединетите Држави и другите земји разгледуваат различни опции за иднината на Појасот Газа откако Хамас ќе престане да ја контролира палестинската територија, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Блинкен рече дека сегашниот статус на палестинската исламистичка група Хамас во густо населената енклава не може да продолжи, но дека ниту Израел не сака да владее со Газа.

Блинкен в петок ќе отпатува за Израел за да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху и други израелски официјални лица, објави Аксиос.

Околу 300 дополнителни американски војници се испратени на Блискиот исток, објави Пентагон. Беше најавено дека војниците нема да одат во Израел.

Соединетите Американски Држави забележаа зголемување на нападите врз нивните војници на Блискиот Исток откако изби војната меѓу Израел и Хамас. Минатата недела предупредиja дека постои ризик од значителна ескалација на нападите бидејќи војната се заканува да се прелее во регионален конфликт.

Америка има околу 2.500 војници во Ирак и 900 во Сирија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ