вторник, 22 октомври 2024

САД ги суспендираат нарачките на други земји, сите „патриоти“ и ракети одат во Украина

Соединетите Американски Држави ќе ги суспендираат нарачките за системи за противвоздушна одбрана „патриот“ на други земји, за тие ПВО системи и ракети да се пренасочат кон Украина, пишува Фајненшал тајмс, повикувајќи се на неименувани извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се истакнува дека Вашингтон официјално ќе ја објави таа одлука денес.

„Американските власти планираат да ги прекинат сите отворени нарачки за системи од противвоздушната одбрана „патриот“ и ракети пресретнувачи сè додека Украина нема доволно за да се одбрани“, пишува весникот.

Се додава дека ПВО системите, наменети за други земји, ќе бидат пренасочени за Киев да може да ги заштити градовите и критичната инфраструктура.

Се напоменува дека меѓу земјите со отворени нарачки се НАТО членките Полска, Германија, Шпанија и Романија.

Претходно американскиот претседател Џо Бајден кажа дека САД веќе „обврзале“ пет земји да ѝ испорачаат противвоздушни ракетни системи „патриот“ на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ