петок, 25 октомври 2024

Саботажа во фабриката Тесла во Германија

Левичарската екстремистичка група Вулкан ја презеде одговорноста за саботажата на фабриката Тесла во близина на Берлин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Шпигел, групата во знак на протест против американскиот производител на автомобили и во име на „отфрлањето на зелениот капитализам“ го прекина дотокот на струја во фабриката и во целиот округ.

„Денеска ја саботиравме Тесла“, се наведува во писмото, чија автентичност сè уште ја проверува полицијата.

Групата запалила далновод предизвикувајќи прекин на струјата низ источен Бранденбург, област во близина на Берлин. Прекинот на струја предизвикало запирање на производството во Тесла. Истрагата е во тек.

Групата Вулкан во 2021 година беше осомничена дека подметнала пожар на градилиште на фабриката Тесла. Тогаш тие ја обвинија компанијата на Илон Маск дека е „ниту зелена, ниту еколошка, ниту социјална“.

Целта на саботажата, се наведува во писмото, „беше затемнување на гигафабриката. Исклучивме секаков ризик за нашите животи и животите на другите луѓе“. Голем број домаќинства во околината беа погодени од прекинот на електричната енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ