сабота, 19 октомври 2024

Сѐ е готово за почеток на изградбата на граничниот премин „Струмјани – Берово“

Објавено на

часот

Сподели

Од таму додаваат дека проектот бил презентиран на состанок на Регионалниот стручен совет за територијално планирање – Благоевград, на чело со регионалниот управител Стојан Христов.

Документот е изработен како дел од активностите во рамките на проектот „Подготвителни активности за изградба/рехабилитација на нов граничен премин Струмјани – Берово“, финансиран од Програмата за прекугранична соработка Интеррег ИПП Бугарија – Македонија 2014 – 2020 година.

Изработениот проект фирмата изведувач го презентираше пред раководството на Подрачната управа на Благоевград, како и претставници на Царинската агенција, Регионалната дирекција за земјоделство, Регионалната дирекција за заштита од пожари и заштита на населението, Југозападното државно претпријатие и на Општина Струмјани.

Проектот е изработен согласно претходно дадените мислења од сите надлежни институции, посочуваат од подрачната управа и додаваат дека локацијата предвидена за изградба се простира на површина од околу 11.000 метри квадратни. Теренот е наклонет и со надморска височина од околу 1.290 метри, што подразбира изградба на потпорни ѕидови во текот на градежниот процес.

На денешната средба беа презентирани и парцеларни планови на елементите на инженерската инфраструктура со кои се обезбедува водоснабдување, снабдување со електрична енергија и оптичко поврзување на пунктот. Како дел од подготвителните активности, изработен е инвестициски проект во фазата „Концептуален проект“, кој ќе даде основа за изработка на стратешкиот проект за изградба на граничен премин Струмјани – Берово. Со тоа подготвителните активности беа завршени во предвидениот рок за нивна реализација, додаваат од Подрачната управа – Благоевград. Претстои изработените проекти да бидат испратени на одобрување до сите институции со надлежности за гранична контрола, пред да бидат претставени на разгледување и конечно прифаќање од Меѓуресорскиот совет за прашања на гранични премини.

Договорот за почеток на подготвителните активности за изградба на новиот граничен премин меѓу Бугарија и Република Северна Македонија беше потпишан на почетокот на септември 2022 година. Со ова започна стратешкиот проект за изградба/рехабилитација на Струмјани – Берово“ кој ќе се финансира во рамките на Програмата Интеррег VI-А ИПП Бугарија Македонија 2021-2027 година. Финансирањето на подготвителните активности е обезбедено според приоритетната оска 4 „Техничка помош“ на програмата Интеррег VI-А ИПП за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2014-2020 година и е наменета за изработка на техничка документација, изработка на детален структурен план, анализи и други, за да се обезбеди проектирање и изградба на граничниот премин.

Главни приоритети во изградбата на новиот пункт се потребата од зајакнување на регионалната поврзаност, олеснување на зголемениот сообраќај на луѓе и стоки меѓу двете земји и отклучување на економскиот потенцијал во пограничниот регион, соопшти Регионалната управа – Благоевград на почетокот на подготвителните активности. Поминувањето преку пунктот ќе заштеди растојание и време и ќе има корисни ефекти врз животната средина со намалување на концентрацијата на штетните емисии.

Средствата за подготвителните активности се во износ од 20.000 евра, посочија тогаш од подрачната управа.

                                                                                                                                  Фото: БТА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ