вторник, 22 октомври 2024
Изјава на поранешната обвинителка

Русковска: Турските власти ќе имаат предвид дека станува за случај на убиство на дете

Не мислам дека сето ова може да добие политичка конотација и не би смеело да добие, затоа што се работи за две грозоморни убиства, особено ако се има предвид дека едно од жртвите е 14-годишно дете, изјави денеска поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои е првоосомничен Љупчо Палевски – Палчо. Во изјава за медиуми по доделувањето на државната награда „Св. Климент Охридски“ во Собранието на Македонија, Русковска кажа дека колегите во Турција, од каде се очекува Палевски да биде екстрадиран, ќе го имаат сето ова во предвид.

Објавено на

часот

Сподели

!Сметам дека и колегите во Турција, односно судиите, кои ќе ги разгледуваат доказите и ќе одлучуваат по екстрадицијата, ќе го имаат сето ова предвид“,  рече Русковска.

Според неа, истрагата треба допрва да утврди која е вистинската позадина на случајот.

Министерството за правда вчера го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски Барањето  доаѓа по апсењето во Турција на Палевски на 5 декември, по издадената меѓународната потерница на 4 декември.

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје вчера го прифати предлогот на Обвинителството и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел Палчо од Србија до Турција.

Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во првичната истрага на Јавното обвинителство беа опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски. Во истрагата е вмешан и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивните убиства засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот се чека да биде екстрадиран од Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ