петок, 18 октомври 2024
Државниот обвинител по изјавите на поранешната шефица на ОЈО ГОКК

Русковска е суспендирана зашто Јовески не можел да го трпи незаконитото постапување кон Финансиската полиција

Објавено на

часот

Сподели

„Влегувањето во таков случај и во Финансиската полиција и без да се знае кој предмет се бара, туку се бараат предмети за 4,5 години наназад значеше дека обвинителството воопшто нема никакви сознанија за ова дело или за други конкретни дела и јас не можев да ја трпам таа незаконитост во конкретниот предмет“, изјави вечерва Јовески во интервју за ТВ Телма.

Во однос на забелешките дека и во други случаи, адвокатите се жалат на незаконити претреси и постапување а при тоа тој не реагирал, Јовески не можеше да посочи друг случај каде тој реагирал на сличен начин.

На прашањето за ијзавата на Русковска дека по отворањето на истрагата против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, добила понуда за избор на заменик шефица на републичкото Обвинителство, а дека кога не го прифатила тоа ѝ било понудено и унапредување на нејзиниот внук, државниот обвинител не кажа дали тоа го смета за притисок и не сакаше да ја коментира нејзината веродостојност.

Државниот обвинител рече дека Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага по допрен глас за тендерите за надзорот на автопатите, дека се отворени и други предмети, но нагласи дека мора јавноста да прифати дека за одредени предмети не може да се соопштуваат детали за јавноста

Јовевски тврди дека тие предмети, како и тој за пасошите, се сложени предмети и дека голем дел од доказите треба да се обезбедат во сложени постапки кои траат долго.

Процесите ќе се отворат тогаш кога ќе се обезбедат доказите, вели Јовевски.

Во однос на предистрагата по допрен глас за Бехтел и Енка и сомнежите за корупција, државниот обвинител изјави дека веќе се преземале одредени чекори, се побарале одредена документација и други доказни средства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ