недела, 14 јули 2024

Руско Министерство за одбрана: Уништени се пет украински борбени авиони

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека уништило пет украински борбени авиони СУ-27 и оштетило уште два на аеродромот Мирхород во украинската област Полтава со ракети „искандер-М“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Министерството објави видео од нападот, на кое се гледа како чад и оган се издигаат од аеродромот.

„Како резултат на рускиот напад, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони СУ-27, два се оштетени“, соопшти Министерството, пренесува Ројтерс.

Русија ги гаѓа украинските аеродроми токму во моментот кога Киев се подготвува да ги прими првите американски авиони Ф-16, кои Москва вети дека ќе ги уништи.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили изјави дека нападите претставуваат „одредени потешкотии“, но нема да ја загрозат испораката на Ф-16 или нивната употреба во борба.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека на неговата земја ѝ требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана од нејзините сојузници.

„Постојат начини да се надмине секојдневниот руски терор од кој страдаат украинските градови. За тоа е неопходно да се уништат руските терористи и лансери таму каде што се, како и да се зголеми бројот на современи системи за противвоздушна одбрана во Украина“, рече Зеленски.

Русија ги засили воздушните напади оваа година во обид да ги исцрпи ресурсите на Украина, често насочени кон енергетските објекти и друга витална инфраструктура.

Украинските власти тврдат дека половина од националниот електроенергетски систем е оштетен од руските напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ