Портпаролката на покојниот Алексеј Навални денеска рече дека руските власти ѝ рекле на мајка му дека нејзиниот син ќе биде погребен на теренот на казнената колонија каде што умре, освен ако таа не се согласи во рок од три часа да го закопа без јавен погреб.
Навални, најпознатиот и еден од најжестоките политички противници на претседателот Владимир Путин, ненадејно почина пред една недела во казнената колонија на Арктикот каде што издржуваше казна од повеќе од 30 години.
Неговата мајка Људмила (69) со денови бара од властите да ѝ го предадат телото на нејзиниот син за да го погребе на начин што ќе им овозможи на неговите пријатели, членови на семејството и поддржувачите да му оддадат почит.
Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, на Икс напиша: „Истражител ѝ се јави на мајката на Алексеј пред еден час и ѝ постави ултиматум. Или таа да се согласи на таен погреб без јавно збогување во рок од 3 часа, или Алексеј ќе биде погребeн во колонијата. Таа одби да преговара со Истражниот комитет, бидејќи тие не се овластени да одлучуваат како и каде да биде погребен нејзиниот син. Таа бара почитување на законот, според кој истражителите се обврзани да го предадат телото во рок од два дена од утврдувањето на причината за смртта. Според медицинските документи што таа ги потпишала, овие два дена истекуваат утре. Таа инсистира властите да дозволат погребот и панихидата да се одржат во согласност со нормалната практика.“
An investigator called Alexey’s mother an hour ago and gave her an ultimatum. Either she agrees to a secret funeral without a public farewell within 3 hours, or Alexey will be buried in the colony. She refused to negotiate with the IC, as they are not authorised to decide how and…
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) February 23, 2024
Засега руските власти немаат коментар за развојот на настаните.