сабота, 19 октомври 2024

Руските парламентарци го поддржаа воведувањето доживотна казна затвор за велепредавство

Објавено на

часот

Сподели

Во нацрт законот стои дека граѓаните на Русија, вклучувајќи ги оние со двојно државјанство, можат да бидат осудени за споделување државни тајни со странски држави, организации или нивни претставници, шпионирање и пружање финансиска, логистичка, советодавна или друга помош во активности против безбедноста на Руската Федерација.

Нацртот предложен на 7 април, пред критичарот на Кремљ Владимир Кара Мурза да биде осуден на 25 години затвор откако московски суд го прогласи за виновен за предавство, дискредитирање на војската и учество во активности на непожелни организации. Кара Мурза, кој има државјанство на Русија и Британија, јавно ја осуди војната во Украина.

Законот уште треба да го одобри Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент. Потоа рускиот претседател Владимир Путин ќе може да го потпише законот. Со амандмани се заоструваат казните за тероризам. Така на пример според членот за терористички напади максималната казна ќе се зголеми од 15 на 20 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ