недела, 14 јули 2024

Рускиот Врховен суд го забрани ЛГБТ движењето: „Екстремистичко е“

Објавено на

часот

Сподели

Врховниот суд соопшти дека го одобрува барањето на Министерството за правда, според кое „меѓународното ЛГБТ социјално движење“ се означува како екстремистичко и неговите активности се забранети.

Репортер на Ројтерс присуствувал во судницата кога била донесена одлуката. Самата расправа била затворена за јавноста, но на читањето на пресудата присуствувале и новинари.

Овој потег уследи по зголемените ограничувања за изразување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет во Русија, вклучително и законите со кои се забранува промовирање на „нетрадиционални“ сексуални односи и забрана за правна и медицинска промена на полот.

Претседателот Владимир Путин, кој се очекува наскоро да објави дека ќе се кандидира за нов шестгодишен мандат во март, долго време се обидува да промовира слика на Русија како чувар на традиционалните морални вредности за разлика од декадентниот Запад.

Во говорот минатата година, тој рече дека нема проблем со тоа што Западот усвои „прилично чудни, според мое мислење, новонастанати трендови како што се десетици полови и геј паради“, но нагласи дека Западот нема право да ги наметнува на другите земји.

Портпаролот на Путин Дмитриј Песков пред објавувањето на судската одлука изјави за новинарите дека Кремљ не го следи случајот и нема коментар за него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ