четврток, 31 октомври 2024

Рускиот претставник во ОН: Зошто САД му помагаат на Зеленски, а сојузниците на Русија немаат право на тоа?

Постојаниот претставник на Руската Федерација во Обединетите нации Василиј Небензја кажа дека Соединетите Американски Држави се обидуваат на светот да им ја наметнат својата „бедна логика“ за неприфатливост на пружањето помош на Москва на нејзините сојузници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Би сакал да ви поставам едно многу едноставно прашање: дури и ако замислиме дека сè што нашите западни колеги го тврдат за воената соработка на Русија и Северна Кореја одеднаш се покаже дека е вистина, зошто САД и нивните сојузници се обидуваат да ја наметнат бедната логика на целиот свет дека тие имаат право да му помогнат на режимот на Володимир Зеленски, мобилизирајќи го во таа цел целиот воен и разузнавачки потенцијал на НАТО, но сојузниците на Русија го немаат тоа право?“, праша Небензја.

Рускиот дипломат напомена дека гласините за преминување на војската на Северна Кореја во Русија, како и лажните приказни за Буча и драмскиот театар во Мариупол, имаат едно заедничко нешто  – „неосновани обвинувања, отсуство на какви било помалку или повеќе убедливи докази и желба да се сврти вниманието од навистина значајните проблеми кои претставуваат закана за меѓународниот мир и безбедноста“.

Воената соработка на Русија и Северна Кореја, според него, е во согласност со меѓународното право.

„Би сакал да истакнам дека интеракцијата на Русија со Северна Кореја, и воената и во другите сфери, е во согласност со меѓународното право и не го крши, не е насочена против трети земји и не претставува никаква закана за државите од регионот или меѓународната заедница. Планираме да ја развиваме оваа соработка и во иднина, и никој не може тоа да ни го забрани“, кажа рускиот дипломат на седница на Советот за безбедност на ОН.

Тој оцени дека Западот, се обидува да го убеди раководството на Јужна Кореја да му испрати оружје на Киев, но Москва се надева дека Сеул ќе има доволно мудрост да не наседне на овој трик.

„Западните соучесници на режимот на Зеленски повеќе од две години се обидуваат да го убедат раководството на Јужна Кореја на поактивна воено-техничка соработка со киевскиот режим, да го поттикнат да го снабдува со толку бараното убиствено оружје. Притисокот против Пјонгјанг е неопходен бидејќи Киев речиси целосно ги исцица своите резерви. Се надеваме дека нашите јужнокорејски колеги ќе имаат доволно мудрост да го избегнат овој трик“, истакна Небензја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ