вторник, 22 октомври 2024
Путин по 24 години во Пјонгјанг

Рускиот претседател пристигнува утре во посета на Северна Кореја, следна станица е Виетнам

Русија и Северна Кореја ќе потпишат „важни документи“ за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја во вторник и среда, соопшти денеска Кремљ, споменувајќи дури и можно потпишување на договор за „стратешко партнерство“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Путин ќе пристигне во Пјонгјанг во вторник доцна навечер, официјалната програма на посетата ќе се одржи во среда, изјави за новинарите дипломатскиот советник на рускиот претседател, Јуриј Ушаков. Ќе бидат потпишани „важни документи, многу значајни“, рече тој, споменувајќи дури и „можно склучување договор за глобално стратешко партнерство“.

„Тој договор, доколку биде потпишан, секако ќе биде условен од длабоката еволуција на геополитичката ситуација во светот и регионот и квалитативните промени што неодамна се случија во нашите билатерални односи“, изјави тој, пренесуваат руските новински агенции.

„Двете страни сè уште работат на тоа и конечната одлука за неговото потпишување ќе биде донесена во следните неколку часа“, додаде тој. Според истиот извор, Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун исто така ќе дадат „изјави за печатот“.

Путин ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за одбрана Андреј Белоусов. Во делегацијата ќе бидат и двајца вицепремиери и директорот на руската вселенска агенција Роскосмос.

Двете земји, кои подлежат на широки меѓународни санкции, значително ги подобрија билатералните односи од почетокот на руската инвазија на Украина. Посетата ќе се случи девет месеци откако Путин беше домаќин на севернокорејскиот лидер на рускиот Далечен Исток. Тогаш не потпишаа никакви официјални договори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ