вторник, 22 октомври 2024

Руски воени блогери: Во украински напад убиен искусен руски генерал

Објавено на

часот

Сподели

„Како резултат на непријателски ракетен напад, убиен е началникот на Генералштабот на 35-та комбинирана армија, генерал-мајорот Сергеј Горјачев“, напиша истакнатиот воен блогер Военкор во објава на Телеграм.

Сергеј Горјачев, одликуван командант, претходно ги предводеше руските трупи во отцепениот молдавски регион Придњестровје.

Военкор додаде дека „според претставниците на командата на групата Комбинирани сили (С), армијата денеска загуби еден од најбрилијантните и најефикасни воени лидери“.

Неколку руски воени блогери рекоа дека Горјачев најверојатно бил убиен од крстосувачка ракета „Сторм шедоу“ испорачана од Велика Британија. Руското Министерство за одбрана сѐ уште не ја коментираше смртта на Горјачев.

Се верува дека повеќе од десет руски генерали се убиени откако Москва ја нападна Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ