вторник, 22 октомври 2024

Руски воен брод изведе вежби во Атлантскиот Океан

Руската фрегата Адмирал Горшков, која отплови кон Куба претходно во јуни, спроведе вежби во Атлантскиот Океан барајќи подморници со помош на хеликоптери, соопшти во вторникот Министерството за одбрана.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Екипажот на хеликоптерот „вежбаше тактички техники за пребарување и следење на подморници во Атлантскиот Океан“, соопшти Министерството на апликацијата за размена на пораки Телеграм.

На оддалеченост од повеќе од 50 километри од бродот, пилотите спровеле низа мерки во потрага по подморници, додаваат од министерството.

На палубата на бродот беа направени вкупно пет слетувања.

Фрегатата „Адмирал Горшков“ и нуклеарната подморница „Казан“ на 12 јуни влегоа во пристаништето во Хавана, откако одржаа обука за ракување со „високопрецизно ракетно оружје“ во Атлантскиот Океан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ