вторник, 22 октомври 2024

Руски власти: Украина го нападна Крим со ракети, двегодишно дете загина во експлозија

Во Севастопол на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, загинаа две лица, меѓу кои едно двегодишно дете, 22 беа ранети во украинскиот ракетен напад во неделата, објави гувернерот назначен од Москва.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Според информациите со кои во моментов располагаме, во нападот на украинската војска на Севастопол загинале двајца цивили, меѓу кои и двегодишно дете“, ранети се 22 лица, напиша Михаил Развојаев на Телеграм.

Овој пристанишен град е редовно цел на напади, особено затоа што таму се наоѓа седиштето на руската Црноморска флота. Крим е многу важен логистички центар за руската армија.

Претходно гувернерот извести дека противвоздушната одбрана го одбила „ракетниот напад“, уништувајќи „пет воздушни цели“. Тој додаде дека „урнатините од соборените цели паднале на крајбрежната област“.

Во рускиот регион Белгород, во близина на украинската граница, едно лице загина, три се ранети во напади на украински беспилотни летала, изјави во неделата гувернерот Вјачеслав Гладков.

И тој регион е многу често цел на украински напади. Киев тврди дека така се брани од руските напади на сопствена територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ