вторник, 22 октомври 2024

Руски нуклеарни подморници лансираа ракети во Баренцово Море (ВИДЕО)

Подморници на нуклеарен погон на руската Северна флота лансирале крстосувачки ракети на поморски цели во рамки на воени вежби во Баренцово Море, известија денес руските новински агенции повикувајќи се на соопштение на морнарицата.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

„Крстосувачки ракети од нуклеарни подморници на Северната флота гаѓаа поморски цели во Баренцово Море“, пренесе агенцијата ТАСС.

Подморниците на нуклеарен погон Северодвинск и Орел лансирале крстосувачки ракети „калибр“ и „гранит“ на оддалеченост од околу 170 километри на мета која симулирала одвојување на непријателски десантни бродови, објави Интерфакс.

„Борбената вежба е успешно завршена. Ракетното оружје кое се користи уште еднаш ги потврди своите инхерентни карактеристики и висока прецизност“, го пренесува Интерфакс соопштението на морнарицата.

Подрачјето на испукување на проектилите било однапред затворено за цивилно пловење и летови. Баренцово Море, дел од Арктички Океан, се наоѓа покрај северните брегови на Норвешка и Русија и поделено е меѓу норвешки и руски територијални води.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ