вторник, 22 октомври 2024

Руски комичари ѝ се јавиле на Џорџа Мелони, таа им кажала дека сите се уморни од војната во Украина

Премиерката на Италија Џорџа Мелони кажала во телефонски разговор, кој мислела дека го води со „африкански лидер“, дека има „многу замор“ околу војната во Украина, и дека таа има идеи „да најде излез“.

Објавено на

часот

Сподели

Кабинетот на Мелони потврди дека била измамена во телефонскиот разговор, кој се случил на 18 септември, „од страна на измамник кој се претставил како претседател на комисија на Африканската унија“, пренесува Гардијан.

Според италијанските медиуми, ѝ се јавиле двајцата руски комичари, Владимир Кузњецов и Алексеј Стољаров, познати како Вован и Лексус, од кои едниот ѝ се претставил на Мелони како „африкански политичар“.

Снимката на повикот која трае околу 13 минути Вован и Лексус ја објавија на социјалните мрежи. Двојката е позната по тоа што на сличен начин измамија и други западни политичари и славни личности во обид да извлечат искрени забелешки.

Кабинетот на Мелони во соопштение порача дека жали за измамата.

На прашањето за војната на Русија и Украина, Мелони, зборувајќи на англиски јазик, кажала:

„Гледам дека има многу замор, морам да ја кажам вистината, од сите страни. Блиску сме до моментот кога сите ќе сфатат дека ни е потребен излез. Проблемот е да се најде излез кој ќе биде прифатлив за двете страни, а да не се уништи меѓународното право“, додала таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ