четврток, 18 јули 2024

Руски и кинески борбени авиони летале во заедничка патрола за време на американски воени вежби

Објавено на

часот

Сподели

Патролата е дел од годишниот план на соработка на двете војски, соопшти денес кинеското министерство за одбрана, а пренесува Ројтерс.

Од минатата недела, крајбрежните стражи на САД, Јапонија и Филипини ја одржуваат првата трилатерална воена вежба во Јужно Кинеско Море.

При последната заедничка воздушна патрола на Кина и Русија, во ноември, Јужна Кореја испрати борбени авиони откако кинески бомбардери Х-6К и руски бомбардери Ту-95, како и авиони Су-35, влегоа во нејзината зона на противвоздушна одбрана.

Јапонија тогаш исто така испрати авиони откако кинески бомбардери и два руски дрона го надлетуваа Јапонско Море во нејзината зона на противвоздушна одбрана, што е област во која државите бараат странските летала да преземат специјални чекори за идентификација, пишува Ројтерс.

Заедничките воздушни патроли се резултат на долгото ширење на билатералните врски меѓу Русија и Кина, соопшти кинеското министерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ