петок, 18 октомври 2024

Руски хиперсоничен „кинжал“ удрил во областа на главната украинска воздухопловна база, Украинците не успеале да го соборат

Руска хиперсонична ракета „кинжал“ погодила утринава „во областа“ на главната украинска воздухопловна база Старокостјантинов, соопшти Киев, во ретко признание на немоќта да го собори рускиот проектил.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најновиот напад на аеродромот Старокостајнтинов следи еден ден откако холандскиот министер за одбрана кажа дека Холандија ќе ѝ испорача на Украина повеќе авиони Ф-16 во следните месеци, јавува Ројтерс.

Украина, која летоска доби одреден број американски авиони Ф-16 по повеќемесечно лобирање кај Западот, држи во строга тајност каде се наоѓаат борбените авиони за да ги заштити од воздушните напади на Русија.

Украинското воздухопловство, кое ретко објавува нанесена штета на воени цели, не соопшти дали нападот ја оштетил воената база, но потврдата дека проектилот погодил во нејзина близина е едно од ретките признанија на украинската страна дека не успеала да го собори руското оружје.

Украинската војска во соопштение тврди дека две ракети „кинжал“ биле соборени во регионот на Киев.

„Потврдено е соборување на две ракети Кх-47М2 „кинжал“ во Киевската област. Еден од трите „кинжали“ удрил во близина на аеродромот Старокостјантинов во Хмељничката област“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ