петок, 18 октомври 2024

Руска убавица во трка по ѕвездата на Ферари

Објавено на

часот

Сподели

Младите руски убавици се познати по тоа што крадат женети мажи. Најновата вест е дека руската манекенка Ксенија Чумичева неповратно го разнишала петгодишниот брак на Ф1-возачот на Ферари Фернандо Алонсо.
Шпанскиот Формула 1-возач наводно ја напуштил својата сопруга, шпанската рок-пејачка Ракел дел Росарио, непосредно пред католичкиот Божиќ.
Германскиот таблоид „Билд“  веќе ѝ даде нов прекар на руската убавица – Чуми. Играта со зборови е поради сличноста на нејзиното презиме со главниот ривал на Алонсо, Михаел Шумахер, односно Шуми. Билд вели дека Алонсо отсекогаш сонувал да стане како Шуми, но успеал само да ја освои Чуми (што и не е толку лошо колку што мисли „Билд“).
Алонсо и неговата нова 24-годишна девојка, која сега живее во Швајцарија, првпат беа уловени од папараците минатото лето, како се забавуваат во еден швајцарски ноќен клуб. Чумичева дури стави и фотографии од нив двајца на Твитер, меѓу кои има и такви фотографирани во „Коњушницата на Ферари“, каде што пристап имаат само одбраните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ