петок, 18 октомври 2024

Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков (ВИДЕО)

Руска наведувана бомба доцна синоќа погоди петкатна станбена зграда во Харков, предизвикувајќи пожар и ранувајќи најмалку 10 лица, соопштија локалните власти.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Володимир Зеленски рече дека тоа е последен во долгата низа напади врз градот и ја нагласи потребата за поголема помош од западните поддржувачи на Украина. За да ги запре руските напади, Украина мора да добие доволна помош од светските партнери, рече тој.

Регионалниот гувернер на Харков Олех Синијехубов изјави дека бомбата паднала меѓу третиот и четвртиот кат на зградата и дека неколку ката се уништени.

„Во тек е претрес стан по стан. Луѓе би можеле да бидат под урнатините“, рече Синиехубов во видео објавено на интернет.

Градоначалникот на Харков Ихор Тереков изјави дека се повредени 10 лица, меѓу кои и тригодишно дете. Тој рече дека наведуваните бомби погодиле две населби во градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ