сабота, 19 октомври 2024

Руска анкета: 77 отсто од Русите го поддржуваат Путин и веруваат дека добро си ја работи работата

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали Путин добро или лошо ја работи својата работа, 77 отсто од Русите одговориле дека добро ја работи, околу 12 отсто мислат дека лошо ја работи, а исто толку не можеле да дадат одговор на прашањето.

На Путин му веруваат 76 отсто од Русите, 15 отсто велат дека не му веруваат, а 9 отсто не одговориле на прашањето, се наведува во резултатите на анкетата.

путин

Анкетата била спроведена од 2 до 4 јуни меѓу граѓани постари од 18 години. Методата на анкетирањето е интервју на адресата на живеење на анкетираните.

Примерокот се состоел од 1.500 анкетирани од 104 градски и рурални населби. Статистичката грешка не надминува 3,6 отсто, се наведува.

Фондацијата на јавното мислење е руска непрофитна организација која се бави со истражување на јавното мислење. Главни клиенти ѝ се кабинетот на претседателот на Руската Федерација, владата на Руската Федерација, Централната банка на Русија и Газпром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ