недела, 20 октомври 2024

Русите рано утринава го ракетираа Киев: Остатоци од уништени дронови и ракети паднаа врз зоолошка градина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Според интензитетот беше исклучителен – максимален број ракети во најкус можен рок“, објави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација на главниот град на Украина.

„Според прелиминарните информации, повеќето од непријателските цели во воздушниот простор на Киев се откриени и уништени“, додаде тој.

Засега сѐ уште не се знае колку објекти се срушени и дали некои од нив успеале да ги погодат своите мети.

Како што изјавија официјални лица за Ројтерс, утринава остатоци паѓале во киевските населби Оболонски, Шевченевски, Соломјански и Дарницки.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм напиша дека во неколку општини се слушнале експлозии, а остатоци паднале на зоолошката градина во општина Шевченевски, а од остатоците во општина Соломјански се запалиле неколку автомобили.

Украинската служба за итни случаи објави фотографии од пожарникарите кои гаснат пожари во Киев по рускиот ракетен напад утринава.

Сведок од Киев за Ројтерс изјави дека слушнал неколку експлозии кои звучеле како противвоздушна одбрана.

Според градоначалникот на украинската престолнина, три лица се повредени кога биле оштетени неколку автомобили и згради во населбата Соломјански во западниот дел на градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ