сабота, 19 октомври 2024

Русите ракетираа зграда со 200 станари во Покровск, многу мртви. Втората ракета ги уби спасувачите (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Вториот проектил полета 40 минути по првиот, убивајќи ги и ранувајќи ги спасувачите што реагираа по првата експлозија, изјавија очевидци на нападот за снимател на Ројтерс.

Меѓу загинатите има двајца спасувачи и едно воено лице, девет полицајци и едно воено лице се ранети, но повеќето од 31 повредени се цивили, вклучително и член на локалниот градски совет, соопштија украинските власти.

Покровск е град под контрола на Украина во близина на линијата на фронтот, а на снимките се гледа како спасувачите минуваат низ урнатини, уништен автомобил и станбена зграда со искршени балкони.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак извести за уште две цивилни жртви на руските напади во селото Крухљакивка во областа Харков. Убиени се 45-годишна жена и маж на 60-годишна возраст, а пет лица се повредени, изјави регионалниот гувернер на Харков, Олех Синехубов.

Украинската државна телевизија Суспилне објави дека во една од погодените згради, петкатната зграда која била погодена од првиот проектил живееле 200 луѓе. За време на нападот, наводно, биле оштетени сите 60 станови во станбената зграда.

Серхиј Добриак, шефот на Покровск, рече дека други проектили погодиле хотел, кој не бил во употреба. Претходно таму престојувале новинари и хуманитарни работници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ