петок, 19 јули 2024

Русите напаѓаат стратешки важен град, Украинците се повлекуваат

Портпаролот на украинската армија Назар Волошин потврди дека украинските сили се повлекле од дел од Часив Јар, стратешки важен град во регионот Доњецк. Тој истакна дека е донесена одлука да им се дозволи на украинските борци да заземат поповолни позиции, но предупреди дека Русите продолжуваат да вршат притисок.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Не беше разумно да се задржи областа Канал, во која влегол непријателот, бидејќи ги загрозуваше животите на нашите војници. Позициите на нашите бранители се уништени. Командата одлучи да се повлече на побезбедни позиции. Меѓутоа, и таму непријателот не ги прекинува своите напади“, изјави тој.

Волошин тврди дека Русите си поставиле рок до кога мора да го освојат градот, но дека не го испочитувале. Украинците вчера известија дека ситуацијата во градот сѐ уште е критично тешка и дека интензивни борби се водат во близина на водениот канал Сиверски Донец – Донбас.

Русите вчера објавија дека украинските сили ги напуштиле позициите и се обидуваат да ја зајакнат одбраната во западниот дел. Руското Министерство за одбрана вчера извести дека руски војници целосно го „ослободиле“ округот Нови.

Часив Јар се наоѓа западно од Доњецк и Бахмут, кои веќе се под руска контрола. Институтот за војна го нарече „град-тврдина“. Преземањето на Часив Јар ќе ѝ помогне на Русија да ги нападне останатите важни населби за одбрана на Украина, проценува Институтот за војна.

Откако ја зазедоа Авдијивка во февруари, Русите сега се фокусираа на Часив Јар, град на издигната позиција што потенцијално би им го отворил патот понатаму да напредуваат во регионот на Доњецк. Се појави неофицијална бројка од 25.000 војници испратени од Москва да го окупираат градот.

Украинските сили имаа огромни проблеми со одбраната на градот бидејќи во последните месеци им снема муниција.

Руските сили генерално ги зајакнаа своите офанзивни активности во регионот на Доњецк и го вложуваат најголемиот дел од своите напори во заземањето на Часив Јар. Врховниот командант на украинските вооружени сили Олександр Сирски во вторникот изјави дека интензивни борби се водат и околу Торечко, град на околу 25 километри јужно од Часив Јар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ