сабота, 5 октомври 2024

Русите нападнаа електрана во Украина, 100.000 луѓе без струја

Поради рускиот напад врз електрана во Украина, 100.000 луѓе денеска останаа без електрична енергија во северозападниот регион Суми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Се работи на обновување на снабдувањето со електрична енергија, објави националната компанија за дистрибуција на електрична енергија Укренерго, пренесува Би-би-си.

Поради руските напади, дошло до итно исклучување на потрошувачите во регионот Суми и истоимениот град, кој граничи со Русија.

Засега нема информации за жртви или ранети, ниту за големината на материјалната штета.

Русија продолжува да ги гаѓа енергетските капацитети низ Украина, често оставајќи ги потрошувачите без струја и вода за пиење.

За само три месеци Украина загуби девет гигавати производствен капацитет поради непријателски дејствија, објави Укренерго.

Ова е нешто повеќе од една третина од капацитетот што го имаше Украина пред почетокот на војната со Русија.

Полска го префрла својот вишок електрична енергија во Украина за да ѝ помогне да ја надмине кризата предизвикана од руските напади.

Во меѓувреме, украинската противвоздушна одбрана собори 24 од 27 беспилотни летала камикази од типот „шахед“, испратени од Русија во текот на изминатиот ден, соопшти командата на украинските воздухопловни сили.

Беспилотните летала беа пресретнати во неколку региони, вклучувајќи го и регионот Суми, користејќи електронски попречувања и противвоздушна одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ