петок, 8 ноември 2024

ЗРТМ: Македонија нема радиолошки технолози, потребни се постдипломски студии да се задржи кадарот

Радиолошките технолози се дефицитарен кадар во сите здравствени системи во регионот. Задржувањето на овие кадри во здравствениот систем е она за кое што сите се стремиме, порача проф. д-р Игор Николов на 11. Конгрес на Здружението на радиолошки технолози на Македонија (ЗРТМ).

Фото: Фрипик

Објавено на

часот

Сподели

„Радиолошките технолози се дефицитарен кадар во сите здравствени системи во регионот. Заради тоа инвестициите во преносот на знаење, размени на искуства треба да бидат приоритет на сите. Задржувањето на овие кадри во здравствениот систем е она за кое што сите се стремиме. Час поскоро се потребни постдипломски студии за оваа група на здравствени работници“, рече Николов.

Зоран Бајовски, претседател на Здружението на радиолошки технолози на Македонија информираше дека на конгресот ќе бидат презентирани технолошките достигнувања од областа на планирањето и спроведувањето на зрачен термин, МРИ ЦТ дијагностика, ангиографија и ЦТ-Пет дијагностика.

Дамир Циприќ, претседател на Друштвото на радиолошки технолози од Хрватска, објасни дека Хрватска го применува европскиот модел на образование и дека хрватското здружение стои на располагање за прилагодување на македонскиот образовен систем.

„Ова го поткрепува и фактот што првата официјална посета на премиерот Христијан Мицкоски е кај хрватскиот колега, каде е потпишан Меморандум за соработка во областа на образованието. Политичарите го направија своето, останува да го имплементираме“, рече Циприќ.

На Конгресот ќе се организира и донаторска вечер, а собраните средства ќе бидат донирани на онколошкиот оддел на Универзитетска клиника за детски болести, Скопје.

Здружението на радиолошки технолози на Македонија (ЗРТМ) е член на европското здружение ЕФРС и европското здружение во радиотерапија ЕСТРО скул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ